Прв роман за Херкул Поаро што не е напишан од Агата Кристи

Од:

Ликот на белгискиот приватен детектив Херкул Поаро, од романите на Агата Кристи ќе биде оживеан во новиот роман на британската писателка и поетеса Софи Хана.

Таа доби дозвола од семејството и наследниците на делото на Кристи, да напише роман во кој главниот лик ќе биде херојот од голем број криминалистички романи што за време на својот живот ги напиша Агата Кристи. Романот на Хана е предвидено да се појави во британските книжарници во септември идната година.

Насловот на новиот роман засега не е познат, но тој ќе биде првиот со кој, практично, ќе се обнови работата на Кристи, најпознатата писателка на криминалистички романи во светот. Романот на Хана доаѓа по повеќе од 90 години, откако Кристи го промовираше ликот на Херкул Поаро во еден свој роман во 1920 година.

Софи Хана изјави за лондонските медиуми дека Кристи е писателката која ја натерала да се вљуби во криминалистичките романи уште кога имала 13 години.

– Ги прочитав сите нејзини романи во текот на една година и од тој момент станав нивни обожувач, вели Хана.

Агата Кристи почина во 1976 година, на 86-годишна возраст. Во својата долга писателска кариера има напишано 80 криминалистички романи и кратки раскази, две автобиографии и осум романи кои се објавени под псевдонимот Мери Вестмакот. Сите нејзини дела се продадени во повеќе од две милијарди примероци на сите јазици во светот. Последниот роман со Херкул Поаро, како главен лик, се појави една година пред нејзината смрт, но подоцна се разбра дека делото е напишано уште во доцните четириесети години на 20 век.

Нејзината единствена театарска претстава „Стапица за глувци“ се уште се прикажува на лондонската сцена, откако премиерата беше изведена во 1952 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска