Прв фестивал за балканската проза

Од:

Петмина познати писатели од Балканот ќе бидат гости на првиот фестивал посветен на балканската прозна литература „ПРО-ЗА Балкан“,  кој ќе се одржува во првите три дена од идната седмица во организација на издавачката куќа „Икона“ од Скопје.

Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. Учесниците ќе бидат претставени на свеченото отворање утре во кино „Фросина“.

Заедничко за петтемина писатели е нивниот квалитет и високото вреднување во нивните национални литератури и пошироко во Европа и светот. Нивни дела им се познати на овдешните читатели, зашто се преведени на македонски јазик, така што овој фестивал има цел да овозможи средба на домашната публика со авторите и уште повеќе да ја продлабочи љубовта кон романот како најчитан книжевен род.

Фестивалот ќе додели и награда за развој на балканската книжевност – „Прозарт“ во вид на статуетка. Ќе ја добие Бајац, според едногласната одлука на уметничкиот совет, во состав: Александар Прокопиев, Елизабета Шелева и Ермис Лафазаносвки. На српскиот писател  (добитник на голем број награди, меѓу кои и на „Балканика“ за романот „Амамот Балканија“ во 2008), ќе му биде врачена на затворањето на 6 март, во книжарницата на „Икона“ во ТЦ Сити мол.

Уметничкиот директор на фестивалот Александар Прокопиев на прес-конференција рече дека при изборот на учесниците на првиот „ПРО-ЗА Балкан“ се внимавало да бидат автори со различна поетика и со своја особеност.

– Пет автори-ѕвезди, независни и пар екселанс интелектуалци ни доаѓаат за три дена во Скопје. Алек Попов е многу особен и духовит, за што впрочем говори неговата книга „Мисија Лондон“ по која беше снимен и филмот. Владислав Бајац е веќе децении присутен на европскиот простор, Миленко Јерговиќ е, веројатно, еден од најконтроверзните и најдинамични автори во Хрватска, Андреј Блатник – можеби најекспонираниот словенечки прозаист во моментов и Андреј Николаидис, едно ново име, кое многу брзо се наметна со својот, би рекол, строг и суров израз и е веќе преведуван ширум Балканот, рече Прокопиев.

Директорот на фестивалот Дејан Трајкоски рече дека акцентот на фестивалот во иднина ќе биде на етаблирани писатели и издавачи, но и на млади автори од регионот. –  Фестивалот ќе биде и плус отворена врата за македонските писатели, рече Трајкоски. Десетина македонски автори, кои имаат преведени дела, ќе учествуваат на трибината „Мобилноста и балканските писатели“ што ќе се одржи идниот вторник во рамки  на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Промоција на графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“

Ана Ололовска

„Очите на воинот“ – книга за бранителите во 2001

Ана Ололовска

Книжевни настапи на Стефан Марковски во Словенија

Ана Ололовска

„Бакнежот на судбината“ од Раде Силјан објавена на бугарски јазик

Ана Ололовска

„Македонска сага“ – книга рецензии за современиот македонски филм

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска

Ана Ололовска

Leave a Comment

8 + six =