Протест на вработените во Македонска филхармонија: Што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција

Од:

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.

„Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција.

Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение“, велат вработените во Македонска филхармонија.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи