„Просветно дело“ ја објави книгата „Зошто пцујам“ на Ведрана Рудан

Од:

„Просветно дело“ ја објави книгата „Зошто пцујам“ на хрватската писателка Ведрана Рудан.

„Зошто пцујам“ е збирка текстови објавувани последниве неколку години на блогот на веб-страницата  www.rudan.info Во книгата се застапени текстови на повеќе теми-Зошто служат жените, Зошто служат мажите, Зошто служат децата, Зошто служи Хрватска, Зошто служи животот.

– Дека пцоста е книжевна постапка, знаеме од многубројни примери во историјата на светската книжевност. Ведрана Рудан ни покажува дека е подеднакво ефикасна и вознемирувачка и особено релевантна во овој социоекономски и историско-политички контекст во кој живееме. Таа во фуриозен ритам одговара на прашањата што секојдневно го измачуваат секој просечен Балканец и пцуе се што ќе и застане на патот, онака сочно и духовито како што само таа умее, соопшти издавачот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска