Промовирано петтото издание на стихозбирката Метрички карван

Од:

Пред љубителите на поезијата во Гевгелија, синоќа беше промовирано петтото издание на стихозбирката „Метрички карван“ под покровителство на Националната установа градска библиотека „Гоце Делчев“.

Збирката, според модераторот Магдалена Стојмановиќ, претставува компилација на творби од 12 поети од градот домаќин и исто толку поети од Струга сплотени во желбата да остават авторска трага токму во оваа збирка.

Промоторот на стихозбирката, Александар Прокопиев, ја истакна благородната намера на збирката која според него тежнее да ја спои креативноста на луѓето од различни краеви на Македонија кои до сега или не се познавале или се познавале само преку своите авторски изблици.

Стихозбирката „Метрички карван“, чии уредници се Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, првпат беше публикувана во 2014 година со поети од Гевгелија и Кавадарци, по што следеа изданијата на збирката со поети од Струмица, Велес, Битола и годинава од Струга.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот