Промовирано ЦД со македонска музика во Њујорк

Од:

Претставувањето на македонската култура пред американската јавност во Њујорк по спектакуларните настапи на Македонската Филхармонија во Кауфман центар и Карнеги хол беше заокружено со промоција на ЦД со македонска музика и со изложба на двајца македонски уметници.

Во ЦД-то издадено од „Smithsonian museum“ во Вашингтон се собрани изворни македонски песни, чалгии, тапани, зурли, како што звучеле во 60-тите години во Македонија. Песните се собрани од страна на американскиот музиколог Мартин Коеиниг.

– Мислам дека е големо постигнување што влезе во каталогот на институцијата Smithsonian и таму ќе остане засекогаш. Се додека постои оваа организација ќе постои и запис на музика од Македонија што ќе биде достапна за секој на интернет или преку ЦД по пошта. Луѓето ќе можат да го нарачаат и секој ќе биде во каталогот, изјави Коеиниг за Македонската радио телевизија.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска најави дека овој аудио запис ќе биде промовиран и во Македонија.

– Ссе договоривме овој аудио видео запис да биде промовиран во Македонија, кадешто ќе го поканиме и господинот Кеиниг да дојде и заедно со него да го промовираме. Во овој запис може да се види таа силна посветеност за македонската култура, за традицијата, за фолклорот и за сето она што е карактеристично за самата музика за Македонија, истакна Канческа – Милевска.

ЦД-то го претстави американска група која го негува македонскиот фолклор во Македонскиот културен центар во Њујорк.

Присутните изразија задоволство и воодушевување од македонската музика. Некои од нив ја оценија македонската музика како убава, а други пак изјавија дека ги потсетува на младоста кога членувале во фолк групата во која учител бил Коенинг.

Покрај македонското вино и храна, гостите можеа да ги видат и инсталациите „Писмо“ на Ирена Пирковска и изложбата цртежи на Ацо Таневски.

– Додекоманија настана минатата година со вкупно 46 песни и потоа се
роди потреба тоа да се спакува во некаков поинаков објект, во една
книга збирка поезија, којашто ќе биде псоследена и со илустрацио, изјави Таневски.

Во последниве неколку дена Њујорк беше место каде македонските музичари и уметници ја претставија богата македонска култура и музика пред американската публика.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска