Промовирани книгите „Сенки на фениксот“ и „Црквата Св. Димитриј во Долно Чарлија“ од Палигора

Од:

Меѓународниот ден на заштитата на културното наследство, НУ Завод и Музеј-Битола го одбележа со промоција на две изданија, книгите „Сенки на фениксот“-ѕидното сликарство во Долно Егри и „Црквата Св.Димитриј во Долно Чарлија“, чиј автор е Ристо Палигора.

Авторот Палигота на промоцијата појасни дека станува збор за книги кои имаат заедничка нишка што ги поврзува, а тоа е мотото на годинешното одбележување на меѓународниот ден на заштитата на културното наследство кое гласи „Заштитата на културното наследство и донаторите“.

– Во 2013 година изгоре црквата во Долно Егри што беше вистинска катастрофа бидејќи целосно се уништи инвентарот на црквата, но ние направивме успешни напори да го зачуваме ѕидното сликарство. Додека пак книгата за црквата во Долно Чарлија е во знак на благодарност кон црковниот одбор кој собра околу 20.000 евра за да целосно  се конзервира ѕидното сликарство и иконите од иконостасот. Инаку и двете цркви се од 19 век, посочи Палигора.

Книгите на Палигора ги промовираше професорот Сашо Цветковски, кој говореше за значењето на најновите изданија на НУ Завод и Музеј-Битола, како и за пристапот и третманот на конзерваторските активности од страна на таа национална установа.

– Македонската конзерваторска служба е подготвена да навлезе во исклучително тешки и сложени процеси на конзервација на целосни објекти особено по целосните процеси на девастација, опожарување, рушење и други проблеми. Изминатите години Министерството за култура вложи многу средства и се посвети на решавање на проблемот на валоризација на културното наследство и голем дел од таа валоризација е завршена. Македонија е пребогата со црковни споменици и денешниот пример треба да се следи насекаде, рече меѓудругото промоторот Цветковски на свеченоста во НУ Завод и Музеј-Битола.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска