Промовирана збирката афоризми „Камче во чевелот” од Ацо Ѓоргиев

Од:

Во рамки на Струмичкиот отворен фестивал 2013, синоќа во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица беше промовирана збирка афоризми „Камче во чевелот” од  Ацо Ѓоргиев.

За неговиот првенец зборуваше фолклористот и рецензент Иван Котев, кој истакна дека во афоризмите на Ѓоргиев е испреплетена актуелноста, традицијата, сарказмот и народниот дух.

– На 80 страници во преку четиристотини афоризми, тематски распределени во шест групи, младиот и докажан афористичар Ацо Ѓоргиев со сета силина на афоризмот како книжевен вид сурово ја отсликува реалноста на  сегашното време. Оттаму и не случајно, неговото прво книжевно дело е насловено „Камче во чевелот”. Камче кое,  верувам сите нас, како и афоризмите на Ацо, ни влегло во чевелот, во нашиот живот, не засмеало или успеало да не испровоцира. Ацо брилијантното ги искористува народните поговорки и филозофски мисли и ги прави неговите афоризми подиректни и посилни, рече рецензентот Иван Котев на промоцијата, на која за збирката зборуваше и Ана Витанова-Рингачева.

Авторот  Ѓоргиев и се заблагодари на општина Струмица и на останатите покровители кои му помогнаа да ја објави својата прва збирка  афоризми.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска