Промовирана „Стихозбирка“ од Роза Мојсовска

Од:

Во Струмица вечерва беше промовирана „Стихозбирка“ – збирка од петте книги поезија на поетесата и сликарка Роза Мојсовска, штитеничка на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“.

За авторката промоцијата на нејзината стихозборка е како да ја промовира својата прва книга, иако досега има издадено пет.

-Јас претежно пишувам духовна поезија за мојот спасител, Господ Исус Христос, бидејќи тој ми даде дар да цртам и да творам. Би сакала во иднина да напишам роман, нешто за мене, за мојот живот како го живеам како лице со посебни потреби и се надевам дека ќе успеам со божја сила, рече Мојсовска.

Книгата е во издание на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица и содржи 222 песни.

-Петте книги се многу вредни за нас како библиотека. Вреди да се слушне поезијата на Роза Мојсовска, но и секој треба да ја има книгата и да ја понесе со себе, рече директорката на струмичката библиотека, Тања Гошева.

Мојсовска своите ликовни и поетски дела ги создава со уста. Имено, таа црта држејќи ја четката во уста, а пишува со уста на специјално адаптиран компјутер.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“