Промовирана стихозбирка на Трајанка Тодорова „Прозорец во душата“

Од:

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, синоќа, по пауза од 12 години беше промовирана третата стихозбирка на велешката поетеса Трајанка Тодорова „Прозорец во душата“.

Промоторот на делото, писателот и директор на велешката Градска библиотека Игор Крајчев пред присутните за стихозбирката на Тодорова ќе појасни дека нејзината сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста која ја опкружува и истата ја пресликува низ стихови, праќајќи ја притоа низ себеси во светот.

– Секоја песна, секој стих е парче крик откорнат од душата на еден чувствителен поет, кој се бори со животот и кој не се плаши да се соочи со сопствената ранливост, зошто соочувањето со сопствената слабост е првиот чекор до триумф, потенцира Крајчев.

Рецензентот на делото поетесата Бистрица Миркуловска, која од оправдани причини синоќа не можеше да присуствува на промоцијата, во предговорт на стихозбирката на Тодорова меѓу другото ќе појасни, дека вкорената во Велес, Трајанка низ стихови ги конкретизира карактеристиките на градот-помеѓу два рида, бреговите на Вардар, градот на Рацин-со срце ширум широко-што и во време на засилена глобализација не ги губи сопствените белези, не го менува патот кон БЕЛИТЕ МУГРИ…

Трајанка Тодорова е автор и на стихозбирките „Задоцнета пролет“ објавена во 2000 година и „Немир и спокој“ во 2002 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска