Промовирана публикацијата „Римски театар-Скупи“

Од:

Публикација „Римски театар – Скупи“ (истражувања 2013-2016) од група автори денеска беше промовирана во Музејот на Град Скопје. Издавањето е реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура и помогнато од Управата за заштита на културно наследство, Музејот на Град Скопје и Филозофскиот факултет.

Промоторот и рецензент, професорката Елица Манева истакна дека публикацијата е обемен, квалитетен и драгоцен придонес за археолошката наука, не само за македонската, туку и за регионалната и за пошироката научна мисла на оваа тема.

– За мене најнеочекувано и најретко археолошко откритие, не само во Скупи туку и во поширокиот регион, е средновековната метропола чии карактеристики ги обелодени Игор Кузмановски, рече Манева. Додаде дека веројатно уште многу долго ќе се расправа за постоењето бизарни погребни ритуали.

Деканот на Филозофскиот факултет во Скопје Ратко Дуев потенцира дека во истражувањата покрај стручна екипа од Музејот на Град Скопје биле вклучени професорите и 60 студенти од овој факултет.

– Ова е редок пример на публикација која се објавува веднаш по завршувањето на истражувањата и претставува плод на тимска работа, каде се вклучени повеќе стручни лица од различни профили-археолози, антрополози и нумизматичари, рече Дуев.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија