Промовирана монографијата „Цареви Кули“

Од:

Синоќа во Струмица беше промовирана монографијата „Цареви Кули-Струмица (од праисторијата до Римското Царство)“, книга прва, од археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, м-р Зоран Рујак.

Монографијата ја промовираше директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов.

-По 10 години истражување се добива една оформена идеа што се Царевите Кули, што се поседува како артефакти, што како недвижен материјал, што како книжен и таа завршница мислам дека ќе резултира понатаму со проекти за конзервација. Веќе има направено и пристапни патеки и влезе во туристичката мапа на градот Струмица, а со тоа и на целата држава. Важно е вакви големи зафати да бидат поддржани и од локалната самоуправа и од европски пари, но и од државата, рече директорот Костов.

Авторот на монографијата, археологот Рујак истакна дека Цареви Кули се обележје на Струмица и овој локалитет е неодминлив дел од историјата на градот.

-Цареви Кули е една читанка којашто испрочита сето она во историјата кое досега не беше пронајдено, не беше осознаено за самиот град. На некој начин успеавме да го прочитаме Цареви Кули уште од најстарите страници кои допираат во петтиот милениум пред нашата ера, па речиси до Втората светска војна, кога за последен пат Цареви Кули биле употребувани за нејзината примарна цел, а тоа е воено упориште, кое со милeниуми бдеело над судбината на градот, рече авторот Рујак.

Издавач на монографијата е НУ „Завод и Музеј Струмица“, а промоцијата се одржа во рамки на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска