Промовирана книгата „Ветрокази“ од новинарот Никола Талевски

Од:

Новинарот Никола Талевски ја промовираше најновата, петта авторска книга, збирка афоризми под наслов „Ветрокази“, во издание на „Липекс“ – Битола.

Според Талевски афоризам е оној краток мудар збор, поучна мисла искажана духовито која нема граница. Тој досега има напишано околу 4.000 афоризми, а во книгата „Ветрокази“ се објавени  над 300 афоризми.

– Најновите афоризми ги подготвував во последниве пет години и со оглед дека во Македонија нема гласило каде што може постојано да се пласираат афоризми, одлучив збирката да ја објавам. Во афоризмите посветувам внимание на суштината на човекот, на човечкото битие како општествено битие, имам свои погледи кон општеството, системите, меѓународната заедница… кои во зависност од инспирацијата ги забележував. Имав дилема, дали навистина мислата е како виното, односно дали и таа – колку е постара, толку е позрела!? Ако е така, тогаш е подобро афоризмите да видат бел ден, отколку да ги таам во себе, истакна Талевски.

Никола Талевски е поранешен новинар на Радио Битола и МТВ. Тој е основач и главен уредник на „Инфо магазин“ од Битола. Досега ги има објавено книгите со хуморески, афоризми и шеги „Шегаџилница“, „И не мисли на грев“, „Еротски кажувања“ и „Перење на мозокот“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска