Промовирана книгата „Само сонот е стварност“ на Илинденка Петрушева

Од:

„Само сонот е стварност“ е најнова книга на филмологот и филмски критичар Илинденка Петрушева, издание на „Македоника литера“, која денеска беше промовирана во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“.

Промоторот Александар Прокопиев рече дека книгата ја издвојува Петрушева од  други автори на ваков тип книги по раскажувачката нишка.

– Кога таа зборува за филмот не се само фактите, туку доживувањата за тие факти. Кога зборува за првите киносали, за должината на филмот, за ликовите, портретите на луѓето кои се вклучени во тоа, вие читате животни приказни на луѓе кои се речиси непознати, а кои се многу важни зашто тие го внеле филмот, тие ги направиле првите киносали, првите гледачи, првиот однос кон филмот. Затоа, таа не е само хроничар, туку и раскажувач, и во тоа е нејзината можеби одлика која ја разликува од друг вид историчари на филмот. Таа во филмот го гледа човечкото и оттаму е таа нејзина раскажувачка нишка, истакна Прокопиев.

Издавачот Нове Цветановски рече дека Илинденска Петрушева секогаш  се поврзува со историјата на филмот, филмската умтност и македонската кинематографија, со основањето на институции за филм, како Кинотеката на Македонија и на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

– Целиот работен век му го посветила на филмот, таа не е само вљубеник на филмот, туку и негов истрражувач и целосно посветена на филмот. Педантен историограф на македонскиот филм кој зад себе има извонредни резултати за македонската кинематографија, за што говори и нејзината библиографија, рече Цветановски.

Авторката Петрушева порача дека филмот има знаци и треба да се чита како расказ. Рече дека филмската уметност е највлијателна од сите други, но важен е и едукативниот момент и што им се дава на децата да гледаат. Младите, пак, кои се занимаваат со филм ги советуваше да не бидат конформисти, да имаат идеја и да знаат што сакаат.

–  Овој прилог за развојот на македонската кинематогртафија сакав да биде подостапен до читателите и да го извлечам најбитното и она – човечкото: чувството на луѓето што се занимавале со филм во тоа време. Тие имале сон, вистински сонувачи кои којзнае и што се доживеале за тој сон, рече Петрушева.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска