Промовирана книгата „Приказна за две деца“ од Наташа Брезовска Богоевска

Од:

Во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености и локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа во нејзината медиотека беше промовирана книгата „Приказна за две деца“ од Наташа Брезовска Богоевска. На насловната корица на оваа нејзина книга стои пораката „Посебностите се ретки, чувајте ги и учете од нив“.

Промоторката и дефектолот Ефтимија Карбева Лукарова пред присутните истакна дека читајќи ги приказните на Биле и Генче, па се до Сузе и Мија ја стоплил нивниот оптимизам, храброст, упорност и емпатија.

-Приказните на личностите со попреченост и ретки болести и нивните сестри, браќа, другари, семејства, се пример како треба да се практикува инклузивниот пристап во секоја заедница. И пример колку треба како луѓе да прифаќаме различности, да помагаме, да имаме љуббов во себе и да даваме љубов, бидејќи љубовта и прифаќањето се потребни на секого, потенцира Карбева Лукарова.

Додаде дека писателката пренесено случувањата и ситуациите на секој од ликовите во приказните, многу точно ги има опишано секој вид на попреченност, состојба или ретка болест без никакво етикирање, емоциите со кои тие се соочиле, страв од одбивање, исмејување, неприфаќање, но на крај секогаш имаат топла подадена рака и среќа на нивните лица.

-Книгата е напишана со многу едноставен, разбирлив начин, воедно пренесува секојдневни ситуации, гледишта од двете страни за тоа се и приказни за две деца кои се емотивни и мотивирачки истовремено, рече Карбева Лукарова.

Таа книгата ја препорача на читателската публика од секоја возраст посебно на најмладите децата во рана училишна возраст кога треба да ги градат позитивните ставови кон другите, да се учат на хуманост, на вистински морални вредности, да развиваат емпатија и пријатни емоции, коректен и културен пристап.

Како што појасни пред присутните авторката Наташа Брезовска Богоевска, професорка и библиотекарка, идејата за ваква книга се родила уште во времето кога била наставник и кога во нејзината училница влегла ученичка со Даунов синдром.

-Време кога инклузијата во образованието беше на зародиш,а ние наставниците и учениците не бевме доволно подготвени. Па следуваше време на истражување, учење.Јас ја имав таа среќа, моите ученици да бидат пекрасни соработници, па заедно се пронајдовме.Тогаш решив дека нешто треба да се направи,па така следуваа расказите еден по еден, појасни Брезовска Богоевска.

Таа досега ја објавила книгата за деца-сликовница „Авантурите на желчето Тео“ и книгата раскази за деца „Детства“ промовирана на Детските Рацинови средби во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска