Промовирана книгата „Ораторската вештина низ историјата“ од Боро Мокров

Од:

Промоција на книгата „Ораторската вештина низ историјата“ од првиот новинар во Република Македонија – д-р Боро Мокров се одржа синоќа во Галеријата при МКЦ.

За книгата која е издание на „Антолог“ промотивна реч одржа д-р Ѓорѓи Спасов. Со изданието се одбележуваат сто години од раѓањето на д-р Боро Мокров.

– Издавањето на оваа книга е од големо значење бидејќи живееме во време на масовна употреба на интернетот и на компјутеризацијата, во време во кое комуникацијата на луѓето е сведена на минимум. На тој начин, ораторството е суштината на квалитетна комуникација, начин што има цел да информира, да влијае или да ги забавува слушателите. Ораторството денес, во ова бурно политичко време, излегува во прв план и е потребно во секоја област од нашиот општествен живот. Трудот претставува едно скромно помагало во целокупниот општествен живот, а особено во областа на правото, политиката, економијата, маркетингот итн. Ораторството претставува корен на дисциплините од иднината и неговата суштина ги има истите цели, како известувањето, информирањето, комуницирањето, се наведува кон делото.

„Ораторската вештина низ историјата“ (2017) е всушност реализирање желба на авторот да заокружи еден замислен циклус на трудови од неговата научна област – комуникологија на која ѝ посвети повеќе трудови за македонската читателска публика.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска