Промовирана книгата „Куќички“ од Марина Мијаковска

Од:
Во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана книгата „Куќички“ од Марина Мијаковска.
 
Пред присутните книгата ја промовира Блаже Миневски, кој појасни дека станува збор за дело што се чита со градителски ентузијазам, со длабоки емоции на создавањето.
 
– Ова дело влегува во пописот на позначајните остварувања на поновата македонска прозна продукција. А познато е дека секое дело е книга, но не секоја книга е дело, па затоа и Пруст во една прилика ќе рече дека има писатели што се подобри од својата книга, но и тие книги не се книги. Затоа клучно прашање за фундирање на современ естетски критериум е прашањето која книга е уметничко дело, одговорот е само она што носи естетска информација, на таа може да се измери само со читање и читање, потенцира Миневски.
 
Марина Мијаковска е автор на стихозбирките „Номадска душа“, „Антолог“, „Куфери“ и „Психоаналитичка алхемија од страсти“. Добитничка е на наградата „Караманов“ во 2013 и на наградата „Крсте Чачански“ за 2014 за ова свое најново дело „Куќички“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска