Промовирана книгата „Кратовски мајтапи”

Од:

Во изложбениот салон на Музеј на град Кратово денес беше промовирана книгата “Кратовски мајтапи” од Мишо Доневски.

– Кратовскиот дијалект се зборува во градот Кратово и во неколку околни села во североисточна Македонија. За жал, во последно време автентичниот кратовски дијалект трпи промени, што се должи најмногу на миграцијата село – град и на интернационалните изрази, кои со употребата на современите медиуми за комуникација, стануваат составен дел на наречјата и на македонскиот литературен јазик. Токму со книгава сакам да го документирам и оставам во наследство дијалектот на мојот град, изјави Доневски.

Посочи дека целта е да сочува дел од случувањата во градот Кратово и околните места, на кратовски дијалект како еден сегмент од животот во градот на кули и мостови.

– Автентичноста е во Кратовските мајтапи. Во ова дело вметнав и мудрости и поговорки. Повеќето кратовци ќе речат: – Јас ги знам овие мајтапи! Да, точно е, повеќето ги знаат. Ама ако нешто не биде запишано, со време ќе отиде во заборав. Сите работи во книгата ги пишувам како што сум ги слушнал, во моја слободна интерпретација, додава Доневски.

Мишо Доневски е роден 1959 година во Кратово. Покрај книжевната дејност, работел на повеќе телевизиски проекти.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он