Промовирана книгата „Херувимите на Самуиловата круна“ од Зоран Пејковски

Од:

Драмскиот писател, поет и публицист од Битола, Зоран Пејковски ја претстави својата најнова книга – „Херувимите на Самуиловата круна“ чиј издавач е Битолскиот книжевен округ.

„Херувимите на Самуиловата круна“ е публикација за истоимениот сценско-драмски рецитал кој беше одигран од актери на Народниот театар-Битола, а по повод 1000-годишнината од смртта на царот Самуил, во организација на Министерството за култура и општина Демир Хисар, истакна авторот Пејковски.

– Во книгата е пренесена една документарно-фактографска и хуманистичко-историска повест. Преку стожерниот лик на царот Самуил, но и ликовите на самуиловата сопруга Агата, ќерката Косара и синот Гаврил Радомир, но и други протагонисти се обидов да расветлам еден важен историски сегмент кој заслужува да биде документиран и публициран. Подготовката на текстот е поткрепена со богат истражувачки материјал кому ги вградив моите чувства и творечка креативност, посочи Пејковски.

Зоран Пејковски е член на Друштвото на писателите на Македонија и директор и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска