Промовирана книгата „ДвОглед“ од Весна Мундишевска-Велјановска

Од:

Промоција на книгата поезија „ДвОглед“ од Весна Мундишевска-Велјановска се одржа денеска во рамки на Културното лето Новаци 2015, во организација на Културно-иновативниот клуб Новаци, а под покровителство на таа општина.

Рецензенти на книгата се писателките Милица Д. Радевска и м-р Мирјана Стојановска, а промотор беше и Елизабета Јончиќ.

Поетската книга „ДвОглед“ не е само двојно гледање, двоен глед, туку е и оглед и соглед, еден пристап кој ги сублимира турбуленциите на секојдневните опстојби и психолошките реакции од нив во една модерна естетика на егзистенцијализмот.

Книгата се состои од дводелен пролог и два циклуси од по 22 песни во кои е разработен различниот пристап на поединецот кон животот во зависност од неговото восприемање на нештата (рецепцијата) и согледбата т.е. пристапот кон збиднувањата (перцепцијата).

Весна Мундишевска-Велјановска е член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на книгите поезија: „Во сонот сон“, „Неспокојно сонце“, „Ден-денување“, „Птицоврик“, „Вонземски сводови“, „Вибрации на духот“ и „Поетски дијалог“, а нејзини песни се преведени на италијански, англиски, влашки, романски, српски, босански и бугарски јазик. Член е на редакцијата на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ и на две педагошки списанија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска