Промовиран романот„Јамболлија што лае“ од Киро Донев

Од:

Најновиот роман на познатиот македонски писател за деца Киро Донев „Јамболлија што лае“ денеска беше промовиран во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Романот е во издание на издавачката куќа „Македоника литера“.

– Се работи за најново дело на познатиот детски писател Киро Донев. Тоа е роман сказна во која животните зборуваат, роман во кој се опишува менталниот склоп на животните: кучињата, мачките, птиците, истакна писателот Горјан Петрески, кој беше и промотор на делото.

Промоцијата се одржа под покровителство на општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски. Романот „Јамболлија што лае“ финансиски е поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска