Промовиран романот „Посмртна венчавка“ на Паскал Гилевски

Од:

Во рамки на 15-та јубилејна литературна манифестација „Илинден 2014“, промовиран е романот „Посмртна венчавка“ на Паскал Гилевски.

Промоторот д-р Стефан Влахов Мицов творештвото на Паскал Гилевски го нарече вулкан од енергија.

– Фактите во романот се кошмарни. Тие, како и од нив предизвиканите емоции се само горниот, површинскиот слој на делото. Дури и тој површински слој е доволен книгата да се чита како страшна приказна и да предизвика солзи во очите. Тоа е сентиментален момент. Зад него стои потресна реалност, суров прагматизам зашто не станува збор за несреќниот тек на околностите во животот на едно семејство или, на повеќе македонски семејства. Станува збор за за македонска голгота, истакна  Мицов во Домот на култура „Илинден“ во населбата Илинден.

Авторот Паскал Гилевски му се заблагодари на градоначалникот Жика Стојановски и на општина Илинден што промоцијата на неговиот роман е во рамки на манифестацијата на која учествува повеќе години.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска