Промовиран романот „Јас, Тито и Мики Маус“ на српски јазик

Од:

Во рамки на 60. Саем на книгата во Белград вчера беше промовирано српското издание на романот „Јас, Тито и Мики Маус” од Блаже Миневски. Романот го објави издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, во библиотеката „Бестселери“,  во превод на истакнатата српска поетеса, есеистка и преведувачка Лилјана Стеиќ.

На претставувањето на книгата, кое го проследија и повеќемина српски писатели и критичари, промоторот Душан Стојковиќ меѓу другото истакна дека станува збор за роман кој е „максимално духовит, граден како музичка композиција, барокно звучен, преполн со цела серија лајтмотиви кои го прават самовилски, филмски во трепетот на светлината што постојано се чувствува“.

– Сите ликови во романот се  впечатливи, приказната е преполна со фанатастика, а притоа се е некако таинствено и бајковито. Романот на Миневски е своевиден ворхоловски роман во кој смртта е огледало кое се наоѓа насекаде, искосено,  бесомнение мултипклицирано. Всушност, романот „Јас, Тито и Мики Маус“ е роман-песна, кој го комбинира историското со фолкронотп и митското по принципот на субјективната логика, а со субјективната лкогика раковиди огромна фанатазија со која овој автор суверено владее како еден од најдобрите прозни мајстори на Балканот, рече Стојковиќ.

Академик Ристо Василевски, пак, претставувајќи го романот истакна дека „Јас, Тито и Мики Маус“ е единствен, не само во современата македонска литература туку и во европската литература и дека во него на мошне луциден, сатиричен и црно-хуморен начин се преплетуваат асоцијации на многу нешта од општата состојба, која е всушност општа болест на современото општество и времето во кое живееме.

– Глобусот на светот е обесен на гранка од сув костен а одозгора постојано го заплиснува некаков небесен измет, па за да се пронајде нешто на него, тој постојано мора да се чисти од изметот, се разбира начесто со нож… Романот „Јас,Тито и Мики Маус“ изобилува со иронија, со филигрански обработени детали и со мајсторски извајани ликови кои ја мешаат фикцијата и стварноста, задржувајќи ја својата балканска заумност и автентичност, рече Василевски.

Претходно издавачката куќа  „Арка“ го објави и романот „Нишан“ на Миневски, кој наиде на извонреден прием кај читателите, па веќе е во подготовка второ издание на романот кој литературната критика во Србија го вброи меѓу врвните остварувања во современата светската книжевност, нарекувајќи го  „романсиерско чудо“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска