Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга синоќа беше промовирана романот „Децата на градот“ од стружанката Евда Попоска.
Во книгата, како што истакна промоторот Петко Шипинкароски, е раскажана приказната за Струга во едно поинакво време, време на жални врби и тополи, по кои градот беше препознатлив.
– Во романот е претставена една стара Струга, прекрасна. Струга од едно друго време. Време кога беше со зеленило, дрвја, кејовите беа зелени, кога жалните врби беа надвиснале над Дримот, кога тополите виснеа над градот. Тоа по што Струга беше препознатлива. Тоа беше градот на тополи и вода, рече Шипинкароски.
Ова, нагласи тој, е нејзиниот тринаесетти роман, кој во 2013 година и на писателката Попоска и носи среќа.
Во современата Македонска литература, Попоска е позната со романите „Филомена“, „Ева“, „Тодора“, „Флорида“, „Црвениот трендафил“, „Лушпа од кромид“, „Лице и опачина“, и „Разговори под брезата“. Покрај објавените романи, во ракопис има неколку збирки песни и други прозни остварувања.