Промовиран романот „Бездомникот со златен часовник“ на Верче Каранфиловска

Од:

Романот „Бездомникот со златен часовник“, на Верче Каранфиловска е промовиран денеска во Домот на култура во општина Илинден, во рамки на 16.Литературна манифестација „Илинден 2015“.

За авторот и значењето на овој прв роман на Каранфиловска, зборуваше промоторот Милош Димовски, кој рече дека „Бездомникот со златен часовник“ е современ роман сместен во Скопје 2027 година.

Според него, тоа е сведоштво на скршени животи, што го бележи патот кој човек го изодува од калта – до ветениот подем.

– Романот го почнав пред 5 години без да знам што сакам да кажам. Сè што знаев е дека сакам да пишувам за бездомник, и тоа беше тоа. Некое време помина додека низ реката испишани зборови ја најдам приказната која сакав да ја раскажам – човечка судбина, засенчена со сите оние општествени и човечки теми кои нè засегаат и секогаш нè засегале. Ми требаше долго, но конечно сум тука, истакна авторката Каранфиловска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска