Промовиран „Лирскиот дом на Ацо Шопов“

Од:

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во организација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, денеска беше промовиран неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – прв интернетски портал од ваков вид кај нас и содржински најобемен интернетски портал зад кој стои издавачката куќа „PHI“ од Луксембург.

Филолошкиот факултет во Скопје со оваа свеченост го одбележа големиот јубилеј, 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

Промоцијата започна со инспиративна поздравна реч на деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Славица Велева, по што слово за Шопов и за интернетскиот портал одржа проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

bk-as1

 

„Периодот од 1944 година кога се појавува неговата прва стихозбирка, па сè до 1950 година, критичарите го оценуваат како прв творечки круг на Ацо Шопов. Уште во овој прв период тој се манифестира како изразит лиричар, кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимна лирика во современата македонска книжевност. Ацо Шопов систематски го гради својот поетски израз, меѓутоа тој не станува жртва на ниту една литературна школа.

Создава/твори со уверување дека осовременувањето на поетскиот израз претставува услов за неговиот опстанок и причината за неговото постоење. Вториот творечки период на Шопов се случува меѓу 1952 и 1957 година, и него го одбележуваат стихозбиркитe „Стихови за маката и радоста“ и „Ветрот носи убаво време“. Сепак, збирката „Стихови за маката и радоста“ (1952) се доживува како пресвртница не само во неговото творештво туку и воопшто во македонската литература. Имено, таа, тогаш доживеана како контраверзна збирка, ја разгорува книжевната конфронтација меѓу „реалистите“ и „модернистите“/„интимистите“ околу природата на реалистичната уметност, како и за светското искуство на авангардизмот и модернизмот и нивната примена во литературата.“

Поопстојно, „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ го претстави Јасмина Шопова, носител на проектот, препејувач и ќерка на поетот.

– Лирскиот дом на Ацо Шопов’ е виртуелен простор во којшто отсега ќе живее поезијата на татко ми, нејзините препеви, нејзините аудио-визуелни интерпретации, оствртите кон неговото творештво, како и споменот за него – изјави Шопова.

Покрај просторијата посветена на неговот живот, во неговиот „Лирски дом“ има и библиотека што содржи избор од неговите книги, потоа читалница, галерија на неговите ликовни и литературни портрети.

– Постојат и други простории, но најубаво е самите да ги откриете на www.acosopov.com. Порталот допрва содржински ќе се збогатува и ќе се развива и на други јазици – порача Шопова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска