Промовиран документарно-научен филм за пештерата Слатински извор

Од:

Филмската академија и универзитетската телевија на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска на Природно-техничкиот факултет во Штип го промовираа документарно-научниот филм „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински извор“, на иницијатива на истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“.

Автор на истражувањата и на филмот е Билјана Гичевска, која истакна дека во филмот се прикажани резултатите од петгодишното истражувањата на Слатинските извори, при што се следени хидро-хемиските карактеристики на изворската пештера, а се анализирани и микрорељефните форми.

– Во рамките на пештерата беше поставен инструмент за првпат во Македонија, кој мереше температура, спроводливост на вода и ниво на воден столб. На тој начин успеавме да заклучиме како функционира еден карстен систем, да утврдиме каков е квалитетот на водата од тој карстен систем и како функционира, односно каква е динамиката на растворените материи низ карстниот систем, изјави Гичевска.

Таа истакна дека истражувањата покажуваат дека водата од Слатинските извори е за пиење. Прашана каде се наоѓа Македонија во споредба со соседните земји од аспект на колку се располага со вакви природни пештерски водни резервоари, Гичевска потенцира дека Македонија се наоѓа на високо место, со оглед на тоа дека 10 отсто од нашата земја е покриена со карст, а 40 отсто од македонските градови се снаобдуваат со вода од вакви извори.

– Тоа доволно говори колкаво е значењето за карстот и карстните води за испитување. Значи нашево испитување се однесуваше на мал карстен извор и се потврди соодветно дека имаме квалитетна вода за пиење. Во нашиов случај се потврди дека водата е питка, дека брзината на движењето на подземните води е голема. За останатиот поширокиот простор околу пештерата Слатински извор, досегашните наши анализи покажуваат дека станува збор за т.н контактен карст, вели Гичевска.

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев вели дека ова е првиот документарно-научен филм направен од страна на УГД ТВ, а понатаму ќе следат и други вакви проекти, со цел да се прикаже истражувањето на наставниот кадар од областа на природно-техничките науки и земјоделството.

– Македонските водни ресурси се исклучително добро истражени и се на високо ниво. Слободно можам да кажам дека се едни од поквалитетните води за пиење во Европа. Жителите на сите населени места во Република Македонија пијат од водоводите и нигде немате водовод што не е употреблив за пиење. Тоа е доволен показател дека водата за пиење е во исклучително добра кондиција, рече Боев.

Ректорот на штипскиот универзитет Боев на денешната промоција на документарно-научниот филм „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински извор“ забележа дека не треба да се стравува дека нема да имаме квалитетна вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска