Нови дела од едицијата „Македонски искушенија“ ќе бидат промовирани денеска.
Оваа едиција предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја кои беа емитувани на Македонската радио телевизија.
На промоцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.