Промоцијата на најновиот роман на Венко Андоновски – Папокот на светлината во Куманово

Од:

Пред голем број љубители на пишаниот збор вчера во Центар за култура Куманово Трајко Прокопиев се одржа промоцијата на најновиот роман на авторот Венко Андоновски – Папокот на светлината.

Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ до сега е печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Досега најновинот роман Папокот на светлината е продаден во повеќе од 2000 примероци како што изјави промоторката.

Промоторка на романот беше професорката на Филолошкиот факултет Блаже Конески, Кристина Николовска која преку стручна анализа и прецизно, со префинета експликација го доближи најновиот бестселер на Венко Андоновски.

Како што изјави и самиот писател дека поентата на секоја промоција е после истата да не бидеме повеќе истите ние, така е и со оваа промоција – кога ќе излеземе од неа да не бидеме повеќе истите, да се обидеме да го разбудиме човекот во нас и да се запрашаме дали можеме да станеме добар човек. Пред се да се обидеме самите да ја најдеме смислата на животот кој го живееме, а тоа го можеме самите ние – посочи авторот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска