Во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ денеска ќе биде промовирана „Нашата прва библиотека“ – збирка од 20 наслови сликовници за деца на македонски и албански јазик.
Сликовниците ќе бидат дистрибуирани до секоја училница од одделенска настава во државата.
Со овој настан, исто така, се одбележува годишнината од отворањето на реновираниот Детски креативен центар и Меѓународниот ден на писменоста.
На промоцијата најавено е обраќање на Кејпи Полк Бејли, сопруга на американскиот амбасадор Џес Бејли.