Вечерва во 21 ч. на платото пред МКЦ ќе се одржи промоција на заедничка книга на поетесите Катарина Фиаменго од Белград и Елена Пренџова од Скопје.
Книгата е двојазично издание во кое поезијата на Фиаменго ќе биде претставена на македонски јазик во препев на Пренџова и обратно, поезијата на Пренџова ќе биде претставена на српски јазик во препев на Фиаменго. Нивната книга е со двоен налов: „Симбиози“ од Катарина Фиаменго и „Политички коректна поезија / Љубољубива (избор)“ од Елена Пренџова.
Промотор ќе биде писателот Славчо Ковилоски, кој е воедно и уредник на изданието, а стихови, покрај поетесите, ќе чита и актерот Игор Трпче, кој воедно ќе биде и модераторот на вечерта.