Промоција на второто издание на „Среќата е глагол“ од Марковски

Од:

На 24 март, петок, во 19:00 часот во Makka bar во Скопје ќе биде промовирано второто издание на „Среќата е глагол“ од Стефан Марковски.

По 10 години од првото издание на оваа книга доаѓа и второто, изменето издание со содржини кои инкорпорираат сознанија од современата психологија и наука со практични импликации за различни прашања врзани за феноменот среќа, кој секој од нас го доживува различно и по чијшто пат чекори различно.

Едно од тие сознанија е и дијаграмот на А. Зузунага, кој индуцира и други шеми во контекст на носењето одлуки, земајќи ги предвид критериумите: професионализам, потреба (на светот), задоволство и платеност, односно страст, мисија, професија, вокација.

По првото издание, десет години минати во творечка и искуствена еволуција резултираа во „Среќата е глагол: второ издание“.

Модератор на настанот е ТВ водителот Ване Маркоски, а во рамки на истиот ќе има и DJ сет со Mitrik.

Би можело да ве интересира

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Ана Ололовска

Книгата „Град“ за Скопје на Иван Џепароски преведена на српски јазик

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Вратничка крваа свадба“ од Стево Томоски и Душан Синадиноски

Ана Ололовска