Промоција на втора книга со поетски творби на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик

Од:

Во клубот „Перото“ при Националниот дворец на културата во Софија утречевер ќе биде промовиран преводот на бугарски јазик на поетската збирка „Последните ракописи“ на охридскиот автор Славе Ѓорѓо Димоски.

Станува збор за обемен поетски пресек што ги опфаќа сите развојни фази на поетот. Преводот е на Роман Кисјов, кој се смета за најдобар преведувач на македонската поезија на бугарски јазик и досега преведувал дела на Ацо Шопов, Анте Поповски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников…

Бугарското издание на „Последните ракописи“ е на издавачката куќа „Смол Стејшенс Прес“, а е поддржана од мрежата „Традуки“.

Кога станува збор за поезијата на Димоски, бугарската критика како нејгови карактеристики ги посочува имплицитноста, иконичните знаци, херменвтиката, полисемантичноста, обземеноста, а пред се врвниот артизам на стихот.

На промоцијата на поезијата на Димоски за неговото творештво ќе беседат Цветанка Еленкова, Владимир Левчев и Рома Кисјов.

Инаку, ова е втора книга од Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик, а на други јазици има објавено 15 книги. Негови песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици.

Деновиве ќе биде објавено и српското издание на „Јазичен триптихон“ на Димоски, книгата за која авторот ја доби наградата „Ацо Шопов“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска