Промоција на „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска

Од:

Во клубот „Менада” во Старата скопска чаршија вечер ќе биде промовиран  романот „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска, кој е јубилејна 100. книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

За романот ќе зборуваат Лидија Димковска и Ѓоко Здравески.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“. „Вишнова хроника“ е нејзин втор роман. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска