Промоција на „Умри женски“ од Анета Василева

Од:

Вечерва, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на втората книга од авторката Анета Василева насловена „Умри женски“, издание на издавачката куќа „Силсонс“.

Промотор на збирката поезија е познатиот новинар, поет и колумнист, Георги Барбаровски, а стиховите ќе ги рецитира најпознатиот интерпретатор и актер, Славко Нинов.

„Умри женски“ е збирка поезија, која долги години читателите со нетпрение очекуваа да ја доживее својата печатена верзија.

Според Барбаровски новата книга на Василева „Умри женски“ е побуна против пристојноста, лажниот морал, дволичноста.

-Уште со провокативниот необичен наслов, таа го свртува вниманието на себе си и на своето поетско дело. „Умри женски“ е поезија на жена со модерен сензибилитет, без табу теми и поетски решенија ослободени од сомнежот како ќе биде разбрана. Тоа е поезија чиста и искрено напишана, еден автопортрет на современ модерен автор, ќе напише поетот Михаил Ренџов во својата рецензија со која го предложи ова дело за објавување.

Анета Василева е родена на 28.1.1982 г. во Кочани. Дипломирала на Филолошкиот факултет (Македонска книжевност и јужнословенски книжевности). Членувла во поетските клубови „Копнеж” – Кочани и „Мугри” – Скопје и во драмскиот аматерски театар „Чекори”. Дел од нејзиното творештво видел бел ден во алманасите на претходно споменатите клубови; прозните списанија „Лоза” и „Маргина”; дневните весници „Вечер”, „Време” и „Дневник” и во електронското издание на конкурсот на „Електролит“. Добитник е на наградите „Студентски збор”, за најдобар краток расказ на конкурсот објавен во 2003 година, на наградата „Караманов” во 2004 г. за најдобра необјавена поетска збирка.

Нејзината прва книга, збирката раскази „Сите авиони летаат над моето село”, е една од најпродаваните книги од млад автор. Со оваа книга Василева победи на конкурсот распишан во 2007 година од фондацијата „Рамковски“ и ја доби наградата „Живко Чинго“.

Промоцијата ќе се одржи во „Матица Ексклузив“, а изданието е поддржано од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска