На „Зелената тераса“ на покривот на ГТЦ, вечер ќе биде промовирана книгата „Трамонтана“, прв роман на Наташа Сарџоска.
Што се случува кога една поетеса пишува проза, ќе се обиде да долови промоторката Фросина Пармаковска.
-„Трамонтана“ е роман за празнината. Длабока критика кон општеството, но истовремено и крик за пронаоѓање на смислата на постоењето. Кога двата централни лика, двете двојнички, Алма и Алба, ќе се сретнат, се случува пресвртот кој ќе ја исполни празнината. А таа знае да биде толку тегобна, исто каков што е на моменти и стилот на Сарџоска кој ја доловува напнатата атмосфера која ја живееме одбивајќи да ја признаеме, пишува во најавата за промоцијата.
Романот „Трамонтана“ е веќе достапен во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk.