Промоција на стихозбирката „На ракавот на градот“ од Ивана Јовановска

Од:

На платото пред Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката „На ракавот на градот“ – дебитантска поетска книга на Ивана Јовановска, издание на ПНВ-публикации.

Во поговорот кон стихозбирката, проф. д-р Владимир Мартиновски, меѓу другото, наведува дека „поезијата на Јовановска со својата свежина, едноставност и непосредност, со секој нов стих, со секоја нова поетска слика, со секое ново пеење нè потсетува на потребата да се зачува, да се обнови, да се втемели разнишаното достоинство на современиот човек“.

– Меѓу редовите на песните на Ивана Јовановска како дискретно да се открива една од тајните на добрата поезија – не само да ја поттикнува здравата надеж во нас, туку и да нè потсетува „да љубиме, / поинаку, / повеќе, пишува Мартиновски.

Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Учествувала на повеќе поетски читања во Скопје, а нејзини песни се објавени во списанија и платформи за литература. Аматерски се занимава и со уметничка фотографија.

Промоцијата на книгата пред МКЦ ќе биде организирана согласно со здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“