Во КИЦ-Скопје, во салонот Империјал 2, вечер ќе се одржи промоција на стихозбирката „55 Чекори“ (чекорење кон себе) од поетесата Виолета Аександар Наумовска.
Ова е прва стихозбирка за возрасни на Наумовска, чија професионална кариера е поврзана со долгогодишна работа во образованието.
Таа е автор и на две едиции книги за деца, „Облачиња“ и „Шумски приказни“, како и збирката раскази за деца „Огне“.