Словачко-македонски речник чии автори се Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски ќе биде промовиран денеска во Скопје.
На промоцијата во Порта Македонија ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, амбасадор на Словачка во Република Македонија Мартин Безак, професорот Димитар Пандев од Филолошкиот факултет, како и Гоце Цветановски, директор на Институтот за македонски јазик.