Промоција на „Сите драми и сонети“ од Шекспир

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија утре напладне ќе биде промовирана книгата „Сите драми и сонети” од Вилијам Шекспир. Препевот од англиски е на Драги Михајловски, писател, преведувач и универзитетски професор.

Книгата, во обем од 1650 страници, ја објави издавачката куќа „Каприкорнус” од Скопје и со неа најголемиот писател на англискиот јазик и најеминентниот светски драмски автор Шекспир на македонските читатели им се претставува во интегрален вид со 37 драми и 154 сонети.

Покрај предговорот за творечките особеноси на Шекспир, книгата располага со посебни  текстови за секоја драма, како и со прилог за сонетите. Автор на сите текстови е препејувачот проф. д-р Драги Михајловски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска