Промоција на „Семоќниот НЛП“ од Дејвид Молдин и Пет Хаџинсон

Од:

Агенцијата за комуникации „Ксантика“ заедно со Клубот „Матица“, а во соработка со Регионалната платформа за активизам „Лице в лице“, денеска ќе ја промовираат новата книга „Семоќниот НЛП“ на авторите Дејвид Молдин и Пет Хаџинсон.

Книгата ќе ја претстави тренерот за личен и професионален развој Марина Анчевска, а на настанот што ќе се одржи во „Матица ексклузив“, ќе присуствуваат и дел од продавачите на уличното списание „Лице в лице“ кои веќе пет месеци поминуваат низ НЛП обуки. Тие со помош на овој метод ги подобруваат комуникациските и продажните вештини, ги дефинираат своите цели, како и чекорите за стигнување до нив.

Книгата „Семоќниот НЛП“ открива што знаат најуспешните луѓе за невро-лингвистичкото програмирање (НЛП), какви се нивните искуства од неговата примена и како тие се служат со овој метод.

НЛП или Невро-лингвистичкото програмирање претставува збир на техники што помагаат да се отстранат некорисните обрасци на однесување и да се создаде нов, позитивен и конструктивен пристап кон животот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска