Промоција на романот за деца „Светот на сребрениот кладенец“

Од:

Во Театарот за деца и младинци вечер ќе биде промовиран романот за деца „Светот на сребрениот кладенец“ од Коста Милков, издание на „Метаноја“.

– Ова е приказна за два света, две деца и еден татко кои низ разни искушенија ќе се соочуваат со изборот да му се противстават на злото и да се борат во името на доброто по цена на големи жртви и болка, или, пак, да тргнат по навидум полесниот пат без отпор кој нема да ги чини напор и болка, но ќе ги чини она заради што животот е вреден за живеење: радост и љубов, соопшти издавачот.

Првиот роман за деца на Милков вечер ќе го промовираат Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски.
Во поговорот Ќорвезироска наведува дека авторот успеал да создаде впечатлив, првенствено потребен, на извесен начин речиси неопходен, роман во домашната книжевност.

– „Светот на сребрениот кладенец“ е наш „Хари Потер“, наш „Хобит“ и „Господар на прстените“ … Моделот на одличен спој на забава и функционална дидактика е модел според кој треба да функционира литературата за млади и според кој, јасно, директно и препознатливо, функционира и „Светот на сребрениот кладенец“. Ова не е здодевен роман. Напротив. Тој не е ни преедноставен, ни пресложен. Не е наивен, ниту наметлив. „Светот на сребрениот кладенец“ е роман со јасно поставена и остварена амбиција, пишува Ќорвезироска во поговорот.

Коста Милков (Струмица, 1970) се образовал во Скопје, Осиек, Бостон и Оксфорд. Претседател е на Балканскиот институт за вера и култура, автор на бројни стручни написи, а пишува и поезија и проза.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска