Романот „Посмртна венчавка“ од авторот Паскал Гилевски, денеска беше промовирана пред кумановската публика во библиотеката „Тане Георгиевски“.
Промоторот Раде Силјан, рече дека романот обработува жестока семејна тема, сага за македонското прогонување од Егејска Македонија,видено од личен апскет.
– Практично тој ја преслукува судбината на своите родители кои прогонети по Граѓанската војна, по 12 години разделба се среќаваат во Скопје и оттогаш почнуваат нивните перипетија.Низ преплетот на тие две животни судбини, Паскал Гилевски ја отсликува целокупната трагедија на Македонците од Егејска Македонија прогонети по Граѓанската војна 1948 година ,што значи дека ја продолжува таа тема која за него е опсесивна скоро во сите негови дела.Но, во оваа книга на еден концизен,пластичен начин не преселува во тие судбоносни години кои пракитчно значат живот за неговото семејство, рече Силјан.
Силјан потенцира дека авторот Гилевски, спаѓа во редот на најдобрите македонски стилисти.Промоторот потенцираше дека авторот низ една доста чуствителна проблематика со богат јазик проткаен со многу архаизми,лексички исклучително функционален понудува дела кои заслужуваат високо внимание и третман во македонската литературна критика.
– Мислам дека во овој роман тој го остварува својот творечки врв, рече Силјан.
Авторот Гилевски вели дека писателот го опишува она што го чуствува, што го доживува и го искажува на искрен начин што читателите го препознаваат.
– Мене особено ми е драго што романот е многу читан,се бара и ме информираа дека се подготвува за ново издание.Оваа е мој дветти роман,но не и последен, изјави Гилевски.
Писателот Паскал Гилевски, со романот „Посмртна венчавка“ е добитник на годинешното Рациново признание.