Промоција на романот „Дневници на една љубов“ од Лилјана Пандева

Од:

„Дневници на една љубов“ е најновиот роман на авторката Лилјана Пандева што првпат ќе биде промовиран денеска во Универзитетската Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, во издание на ПНВ Публикации.

Книгата ќе ја претстави професорката Јованка Денкова, а извадоци од романот ќе читаат студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Според авторката Наташа Аврамовска, „Дневници на една љубов“ е книга за љубовта во услови на гранична или кризна ситуација, за љубов проткаена низ дневнички монолошки исписи, изрази на една деценија нестивнат љубовен копнеж, постојано одново упатуван и еднакво копнежлив во скритоста.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Струмица. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и доктор по филолошки науки. Нејзини досега објавени дела се драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“, расказите „Канцелариски колумни“, стихозбирката „Љубов од А до Ш и обратно“, романите „Од агендата на Калина Калин“ и „Возовите на Луцерн“, романот „Доилката“.

Пандева е добитник на наградата „Стале Попов“ во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска