Радио емисија „Средба со студентите по пијано“ ќе биде промовирана денеска на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје.
Снимена е од студентите од насоката за сонологија со мултимедија Викторија Додевска, Андреј Блажевски, Николче Витковски, Цветанчо Николоски и Никола Шешиќ, која ја раководат професор д-р Димитрије Бужаровски и вонредниот професор д-р Трена Јорданоска.
Промоцијата на радио емисијата ќе биде пропратена со документарно видео за овој проект. Во емисијата учествуваат со своја изведба и изјава студентите по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје: Марија Николовска од класата на доц. Кристина Светиева, Константин Хаџи Коцев од класата на проф. Тодор Светиев, Тодор Спанџов и Њомза Џафери од класата на доц. Кристијан Каровски, Томе Костовски од класата на проф. Ана Гацева, Ана Велиновска од класата на проф. Рита Трпчева-Поповиќ, Теодора Нарашанова од класата на проф. Зоран Пехчевски, и Горјана Стојановска и Иван Трајковски од класата на проф. Марија Ѓошевска.
Во емисијата се вклучени изведби на дела од Дебиси, Брамс, Скрјабин, Григ, Лист, Пуланк, Шопен, Сен-Санс и Балакирјев.
Радио емисијата и документарното видео по промоцијата ќе бидат достапни на страницата на архивот Бужаровски http://buzar.mk.