Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде промовирана првата антологија на македонската песна во проза.
Изборот и поговорот на антологијата, објавена под наслов „Бденија и виденија” е на писателот Петко Дабески, а издавач е „Антолог” од Скопје.
За особеностите и вредностите на антологијата на промоцијата ќе зборува д-р Лидија Капушевска Дракулевска.
Книгата „Бденија и виденија” донесува текстови од педесет писатели од сите генерации на современата македонска литература.