Промоција на книгата „Премостување на мигот“ од Тодор Чаловски ќе се одржи утре во 12 часот во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
За најновата поетска книга на Чаловски ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.
Книгата „Премостување на мигот“ е четиринаесетта поетска книга на авторот.