„Порој од пепел“ – четвртата стихозбирка на Исток Ј. Улчар вечер, во 20 часот, ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Стихови ќе читаат: Лазар Христов и Сергеј Димовски. Музичката подлога е на Александар Скрјабин/Немнтин – „Мистериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“.
Како што е најавено, промоцијата ќе биде реализирана по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.
Исток Ј. Улчар е роден на 11.9.1996 година во Скопје. Од 2014 досега се објавени четири негови книги поезија. Негови песни и расказ се застапени во неколку избори на дела од млади македонски и ексјугословенски автори.
Учествувал на повеќе поетски читања дома и на два поетски настани во Белград, Србија. Негови песни се преведени на српски, на унгарски и на англиски јазик.