Промоција на поетската збирка „Метрички карван“

Од:

Во рамки на манифестацијата „130 години град Гевгелија“ вечер ќе биде промовирано третото издание на „Метрички карван“ – заедничка поетска збирка на 21 поет – десет од Гевгелија и единаесет од Велес.

– По „Метрички карван“ што го организиравме со Кавадарци пред две години и ланскиот со Струмица, ова е трета во низата збирки кои имаат за цел комуникација и вмрежување на современите поети од Гевгелија со нивните колеги од другите градови, во конкретниов случај од Велес, информираат од библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.

Според промотерот Иван Џепароски, карванот како метафора за движењето и доближувањето на различните простори, најдобро ја епитомизира идејата за надминувања на растојанијата.

– На овој начин Гевгелија и Велес стануваат блиски како што стануваат блиски и далеку подалечните простори. Тоа уште во првата половина од минатиот век, со својата хуманистичка и космополитска поезија, го утврди и основоположникот на македонската современа поезија, велешанецот Кочо Рацин, кога пееше „куќа цел свет братски ми е“,  истакнува Џепароски во рецензијата.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот