Промоција на поетска збирка од Сеида Бегановиќ

Од:

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана поетската збирка „За жените кои немаат куќа и три обични дена“ од Сеида Бегановиќ.

Според Елизабета Шелева, која ќе ја промовира книгата, поезијата на Бегановиќ е вистински предизвик за читателот.

– Храбро и возбудливо четиво, во кое рака под рака одат горчливата исповедност и надмоќната философска дистанцираност; ранливата кревкост на жената и отровниот цинизам на супериорната, самоиронична „мажевна“ мудрост; духовитата игра на зборови, метафори и идиоми, смислата за хумор, воопшто и неочекуваниот, од заседа излезен „калкулус на болката“, самотијата, напуштеноста, предавството од страна на другите…, истакнува Шелева.

Покрај неа, за изданието на промоцијата ќе зборува и поетот Владимир Мартиновски, а стихови ќе читаат Елена Митреска, Снежана Стојчевска, Ѓоко Здравевски, Владимир Мартиновски и авторката Бегановиќ.

Сеида Бегановиќ (Зеница, Босна, 1961) завршила студии по филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Сараево. Живее и работи во Скопје како слободен уметник. Објавува поезија и проза (раскази и романи), а работела како новинар, драматург и преведувач (македонски, полски, руски, англиски јазик).

Нејзината поезија и проза е преведувана на англиски, полски, руски, украински, македонски, албански и турски јазик. Има објавено повеќе наслови: „Индекс на изговори“ (поезија, 2004), „Интервју со сината куќа“ (роман, 2007), „Граничници“ (поезија, 2009), „Албум на совршените мигови“ (роман, 2010).

Поетската книга „За жените кои немаат куќа и три обични дена“ ја доби наградата „Книжевен мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2014 година за автори кои пишуваат на малцинските јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска